Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Дали Македонија навистина има многу верски празници? Што...
Ципрас го посети манастирот Ватопед и се сретна...
Вселенскиот патријарх Вартоломеј отпатува за Франција
Литургиско чествување на Денот на сите македонски светители...
Посмртните останки на цар Самуил положени во храмот...
Црква на Грција: Митрополијата на Ксанти бара Бугарија...
Света Софија – подвижничката од Клисура
Алексис Ципрас од Света Гора: „Пееш во Симонопетра,...
Москва кај новиот грузиски патријарх: во фокусот верниците...
Митрополитот Доротеј Драмски до Л. Мендони: „Го губиме...
вторник, октомври 6, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна ОПШТЕСТВОСовремено општество
Современо општество

Дали Македонија навистина има многу верски празници? Што покажуваат Европа и православниот свет

од Црковен Журнал Логос октомври 6, 2026
октомври 6, 2026 0 коментари 86 прегледи 8 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
Christian Holidays Across Europe
86

Споредбата е доволна за да се види главната поента: Македонија не отстапува со невообичаено голем број верски неработни денови ниту во православниот свет, ниту во поширока христијанска Европа.

Пишува: Т.А.

Најавата на Стопанската комора дека вработените во иднина би можеле да избираат само два од дополнителните верски и етнички празници повторно го отвори прашањето дали Македонија навистина има премногу верски неработни денови. Како еден од аргументите беше посочено дека православните верници имаат пет дополнителни неработни денови. Кога тие ќе се додадат на 11-те празници што важат за сите граѓани, се доаѓа до бројката од 16 неработни денови, со оценка дека Македонија, условно речено, се наоѓа на европскиот врв.

Но токму „условно речено“ е клучниот дел од ова тврдење.

Можеби ќе ве интересира и ова
  • „ВЕЉО МАНЧЕВСКИ“ 2025: ДОДЕЛЕНИ ПРИЗНАНИЈА НА ИСТАКНАТИ ДЕЈЦИ ЗА ПРИДОНЕС ВО ВЕРСКИОТ ЖИВОТ
    декември 13, 2025
  • Честитки од архиепископот Стефан до митрополитот Онуфриј од црковната структура на Москва во Украина – Украинска Православна Црква
    август 18, 2026
  • Промоција на две монументални дела за Архиепископот Доситеј
    декември 10, 2025

Македонија нема 16 верски празници, ниту сите граѓани користат 16 неработни празнични денови. Бројката се добива така што на празниците што важат за сите им се додаваат посебните права што ги користат само православните верници.

Затоа, ако сакаме да утврдиме дали Македонија навистина има многу верски празници, треба да ја споредиме со другите земји по исти критериуми.

Колку верски неработни денови има православен верник во Македонија?

Од 11-те празници што важат за сите граѓани, непосредно поврзани со православниот црковен календар се Божик и Велигденски понеделник.

Православните верници дополнително имаат право на неработен ден за Бадник, Богојавление односно Водици, Велики Петок, петокот пред Духовден и Успение на Пресвета Богородица, односно Голема Богородица.

Тоа се вкупно седум неработни денови со непосредно верски карактер.

Во календарот се и Светите Кирил и Методиј и Свети Климент Охридски. Тие се светители, но празниците во Македонија имаат и силно национално, историско, просветно и културно значење. Ако и тие се вклучат во пошироката група празници со христијанска основа, бројот достигнува девет.

Дали тоа е невообичаено многу?

Споредбата покажува дека не е.

Романија, земја членка на Европската Унија и со мнозинско православно население, има 11 христијански празнични денови утврдени во Законот за труд. Меѓу нив се Богојавление, Собор на Свети Јован Крстител, Велики Петок, два дена Велигден, два дена Духовден, Успение на Пресвета Богородица, Свети апостол Андреј и два дена Божик. Тоа е повеќе од бројот на христијански неработни денови што ги има православен верник во Македонија.

Во Грузија има десет празнични денови со христијанска содржина. Неработни се Божик, Богојавление, Велики Петок, Велика Сабота, Велигден и Велигденски понеделник, како и неколку други големи православни празници.

Бугарија е уште еден близок пример. Таму велигденските празници траат четири дена, од Велики Петок до Велигденски понеделник, а за Божик се неработни Бадник, 25 и 26 декември. Официјални празници се и Денот на Свети Георгиј и Денот на Светите браќа Кирил и Методиј.

Ако се применува истата поширока методологија како кај Македонија, Бугарија исто така има околу девет празнични денови со христијанска основа.

Дополнително, во Бугарија постои правило според кое, кога одредени официјални празници ќе се паднат во сабота или недела, следниот работен ден станува неработен. Тоа е важно и во контекст на предлогот во Македонија да не се префрла празникот во понеделник кога се паѓа во недела.

И Грција има мошне изразен православен празничен календар.

Во грчкиот јавен сектор неработни се Богојавление, Чист понеделник, Велики Петок, Велика Сабота, Велигденски понеделник, понеделникот на Светиот Дух, Успение на Пресвета Богородица, Божик и вториот ден на Божик.

Тоа се девет празнични денови со јасна православна содржина. На 25 март Грција го одбележува и Денот на независноста, но истиот ден е и празникот Благовештение на Пресвета Богородица.

Вреди да се забележи уште една разлика. Во повеќе православни земји Велика Сабота е дел од неработниот велигденски период. Таков е случајот во Бугарија, Грузија и Србија, а во грчкиот јавен сектор и Велика Сабота е неработен ден. Во Македонија, пак, Велика Сабота не е предвидена како посебен неработен верски ден. Тоа значи дека верниците кои работат во сабота, по слободниот Велики Петок повторно одат на работа непосредно пред Велигден, токму во денот посветен на подготовката за празникот и за велигденските богослужби. И овој факт треба да се има предвид кога се оценува дали православните верници во Македонија навистина имаат премногу верски неработни денови.

Србија има поинаков модел. Како верски празници се одбележуваат Божик и четирите велигденски денови, од Велики Петок до Велигденски понеделник. Но православните вработени имаат и дополнително право да не работат на првиот ден од својата крсна слава.

И ова е важно за споредбата. Ако кај Македонија на општите празници им ги додаваме посебните права што ги има само православниот верник, тогаш истото мора да го направиме и кај другите земји.

Црна Гора има модел уште поблизок до македонскиот. Православните верници имаат посебно право на платено отсуство за Бадник, првиот и вториот ден на Божик, Велики Петок, Велигден и Велигденски понеделник.

Но големиот број христијански празници не е карактеристика само на православниот свет.

Полска, претежно католичка земја и членка на Европската Унија, има десет христијански празнични денови. Неработни се Богојавление, Велигден, Велигденски понеделник, Духовден, Телово, Успение на Пресвета Богородица, Сите Светии, Бадник и двата божикни дена. Од 2025 година и Бадник, 24 декември, е законски неработен ден.

Австрија исто така има десет празнични денови со христијанска основа, меѓу кои Богојавление, Велигденски понеделник, Вознесение Христово, Духовденски понеделник, Телово, Успение на Пресвета Богородица, Сите Светии, Безгрешното зачнување на Пресвета Богородица, Божик и Свети Стефан.

Во Хрватска неработни се Богојавление, Велигден, Велигденски понеделник, Телово, Успение на Пресвета Богородица, Сите Светии, Божик и Свети Стефан. Тоа се осум христијански празнични денови.

Споредбата, значи, приближно изгледа вака:

Романија има 11 христијански празнични денови.

Грузија има 10.

Полска има 10.

Австрија има 10.

Грција во јавниот сектор има 9.

Бугарија има до 9 ако се применува пошироката методологија.

Македонија има 7 непосредно верски неработни денови за православен верник, односно до 9 ако се вклучат Светите Кирил и Методиј и Свети Климент Охридски.

Хрватска има 8.

Србија има 5 општи православни празнични денови и дополнително право на крсна слава.

Црна Гора има посебно платено отсуство за шест православни празнични денови поврзани со Божик и Велигден.

Ова не треба да се чита како строга ранг-листа. Правните системи се различни. Некаде празниците важат за сите, некаде само за припадниците на одредена вероисповед, а некаде постојат разлики и меѓу јавниот и приватниот сектор. Но споредбата е доволна за да се види главната поента: Македонија не отстапува со невообичаено голем број верски неработни денови ниту во православниот свет, ниту во поширока христијанска Европа.

Празник во календарот не значи секогаш изгубен работен ден

Постои уште една важна разлика. Велигден секогаш паѓа во недела, Велика Сабота во сабота, а другите празници една година може да се паднат во работен ден, а следната во викенд. Затоа само броењето на празниците не покажува колку работни денови реално се губат.

Во 2026 година Македонија навистина има специфична ситуација. Сите пет дополнителни православни празници паѓаат во работни денови. Бадник е во вторник, Водици во понеделник, Велики Петок во петок, петокот пред Духовден е петок, а Успение на Пресвета Богородица исто така е во петок. Тоа значи дека годинава православните вработени навистина имаат пет дополнителни слободни работни денови. Тоа е релевантно прашање за работодавачите кога зборуваат за организацијата на работата. Но не е доказ дека Македонија системски има невообичаено многу верски празници.

Три работни дена повеќе, но колкав би бил ефектот?

Според најавениот модел, вработениот би можел да избере само два дополнителни празници. Кај православен работник тоа би значело дека од сегашните пет дополнителни верски неработни денови би задржал два, а три би станале работни. Ако аргументот за ваквата промена е продуктивноста, логично е да се покаже колку македонската економија навистина би добила од тие три дополнителни работни дена. Продуктивноста не се мери само со бројот на денови поминати на работното место. Таа зависи од вредноста создадена за еден работен час, технологијата, инвестициите, организацијата на трудот, квалификациите, управувањето и автоматизацијата. Една економија може да работи повеќе часови, а да биде помалку продуктивна. Друга може да работи помалку, а да создава значително поголема вредност по работен час. Затоа, ако аргументот за кратење на празниците е економски, потребна е и конкретна економска пресметка, а не само броење на деновите во календарот.

Верскиот празник не е создаден како продолжен викенд. Постои и аспект што не може да се измери само во работни часови. Бадник, Богојавление, Велики Петок, Духовден или Успение на Пресвета Богородица не се создадени како социјална мерка за да се добие уште еден слободен ден. Тие се дел од верската традиција и духовниот живот на населението многу пред создавањето на современите закони за работни односи. Истото важи за православните празници во Романија, Бугарија, Грција, Србија и Грузија, но и за католичките празници во Полска, Австрија и Хрватска. Државата, секако, има право да го уредува календарот на неработни денови. Но кога се ограничува право непосредно поврзано со верското празнување, не е доволно само да се каже дека Македонија има многу празници. Прво треба да се утврди дали навистина има повеќе од земјите со кои се споредува. А споредбата покажува дека нема.

Затоа, пред да се заклучи дека петте дополнителни православни празници во Македонија се премногу, треба да се одговори на две прашања. Во споредба со кого се премногу? И уште поважно, постојат ли податоци дека токму тие три дополнителни работни дена што би се добиле со предложеното кратење претставуваат значаен проблем за продуктивноста на македонската економија? Споредбата со Европа и православниот свет барем на првото прашање дава прилично јасен одговор. Македонија не е исклучок по бројот на верските неработни денови. Напротив, повеќе православни и католички европски земји имаат ист или поголем број христијански празнични денови. Самата бројка, затоа, не е доволен аргумент за нивно кратење.

Извор: religija.mk

Верски празнициНеработни деновиПравославна Црква на Македонија - Охридска АрхиепископијаРепублика Северна Македонија
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Ципрас го посети манастирот Ватопед и се сретна со старец Ефрем

Можеби ќе ви се допадне и ова

Литургиско чествување на Денот на сите македонски светители и 40-годишнината од епископската...

октомври 5, 2026

АВТОГОЛ ОД СОПСТВЕНИ РЕДОВИ: Изјавите на Митрополитот Григориј веќе се користат против...

септември 30, 2026

Промоција на книгата „Логострој“ на Дарио Божиновски

септември 30, 2026

Нова научна монографија за религиското образование од монахињата Ефимија Зајковска

септември 30, 2026

Сè помалку деца, сè повеќе починати: Македонија со нов демографски аларм

септември 28, 2026

Автокефалноста повторно во центарот на вниманието – Григориј, Фрчкоски и спорот околу...

септември 27, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026
  • Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Дали Македонија навистина има многу верски празници? Што покажуваат Европа и православниот свет

    октомври 6, 2026
  • Ципрас го посети манастирот Ватопед и се сретна со старец Ефрем

    октомври 5, 2026
  • Вселенскиот патријарх Вартоломеј отпатува за Франција

    октомври 5, 2026
  • Литургиско чествување на Денот на сите македонски светители и 40-годишнината од епископската служба на Архиепископот Стефан

    октомври 5, 2026
  • Посмртните останки на цар Самуил положени во храмот „Света Софија“ во Софија

    октомври 3, 2026
  • Црква на Грција: Митрополијата на Ксанти бара Бугарија да ги врати 50-те црковни реликвии без размена

    октомври 2, 2026
  • Света Софија – подвижничката од Клисура

    октомври 2, 2026

Категории

  • Uncategorized (9)
  • АНАЛИЗИ (57)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (65)
  • Изјави и реакции (135)
  • Изјави и соопштенија (62)
  • Интервјуа (9)
  • Колумни (58)
  • Култура (27)
  • Литургија и црковен живот (82)
  • Меѓуправославни односи (103)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (151)
  • Новости (217)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (56)
  • Поучни текстови (64)
  • Света Гора (103)
  • Свето Предание и Свети Отци (100)
  • Современо општество (163)
  • Теологија и општество (117)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (30)
  • Црковна историја и Собори (17)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Православна црква на Бугарија Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Дали Македонија навистина има многу верски празници? Што покажуваат Европа и православниот свет
Ципрас го посети манастирот Ватопед и се сретна со старец Ефрем
Вселенскиот патријарх Вартоломеј отпатува за Франција
Литургиско чествување на Денот на сите македонски светители и 40-годишнината од епископската служба на Архиепископот Стефан
Посмртните останки на цар Самуил положени во храмот „Света Софија“ во Софија

Популарно оваа недела

Дали Македонија навистина има многу верски празници? Што покажуваат Европа и православниот свет
Ципрас го посети манастирот Ватопед и се сретна со старец Ефрем
Литургиско чествување на Денот на сите македонски светители и 40-годишнината од епископската служба на Архиепископот Стефан
Вселенскиот патријарх Вартоломеј отпатува за Франција
Алексис Ципрас од Света Гора: „Пееш во Симонопетра, а се слуша во Адот…“

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА