
Со одлука на Светиот синод на Православната црква на Грција, под покровителство на Неговото Блаженство, Архиепископот Атински и на цела Грција г. Јероним, а во организација и со гостопримство на Светата митрополија Коринтска, Сикионска, Земенска, Тарсоска и Полифенгска, од 3 до 5 ноември 2026 година во Коринт се одржува 36-тата Сеправославна конференција на овластените претставници на Православните цркви и светите митрополии за прашањата на ересите и парарелигиозните движења, на тема: „Магија – Гатање – Астрологија – Претскажување на иднината“.
На конференцијата учествуваат претставници на автокефалните Православни цркви, како и овластени претставници на светите митрополии на Православната црква на Грција, Крит и Додеканезите.
Овие конференции се организираат од страна на Православната црква на Грција и се посветени на проучувањето на пастирските начини за справување со различните облици на современите верски заблуди.
Според предвидената програма, на првиот ден од конференцијата ќе биде отслужен чин на водосвет, по што ќе бидат прочитани пораките на поглаварите на Православните цркви, а потоа ќе следува и првото тематско излагање.
Соопштение на Прес-службата на Светиот синод на Православната црква на Грција
Извор: Romfea.gr