14
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на социјалните мрежи објави фотографии од својата посета на Света Гора.
Ципрас престојува во приватна посета на Света Гора, во придружба на професорот Димитрис Линос, сопруг на Атина Лину.
Објавувајќи фотографии од посетата, Ципрас напиша:
„Пееш во Симонопетра, а се слуша во Адот…“
Во продолжение тој посочи дека посетата на Света Гора е можност што не треба да се пропушти.
„Едно патување низ историјата, низ културните богатства кои се чуваат со векови, но и кон подлабоката смисла на човечкото постоење“, напиша Ципрас.