Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Русија уништила 420 храмови на Украинската православна црква...
Делегација на МПЦ-ОА сослужуваше во Москва и оствари...
Сослужување во Москва по повод 80-тиот роденден на...
Грција: Вооружените сили на армијата ја чествуваат Пресвета...
Под Света Софија откриени 420 метри подземни тунели:...
„Студентската листа“ во Србија најавува заштита на имотот...
Путин: „Секој ден се молам за Русија и...
Муслиманите до 2035 година ќе бидат побројни од...
Истражување за улогата на Руската црква во ширењето...
Руски напад го оштети најстариот храм во Днипро
недела, ноември 22, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна ОПШТЕСТВОПоучни текстови
Поучни текстови

Александар Македонски во Ерусалим: Темелите за ширењето на христијанството

од Црковен Журнал Логос март 12, 2026
март 12, 2026 0 коментари 194 прегледи 3 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
720px Alexander Mosaic High Res Fragment
194

Историјата не доделува титули без причина. Називот „Велики“ им се дава само на ретки личности кои оставиле неизбришлива трага во човечката историја – луѓе што го промениле текот на настаните или го насочиле кон нови патишта.

Еден од тие личности е и Александар Велики, владетелот од античка Македонија, син на Филип II и Олимпија, кој живеел само триесет и три години – од 356 година п.н.е. во Пела до 323 година п.н.е. во Вавилон.

Овој текст не се задржува на неговата биографија и огромното влијание врз светската цивилизација, туку на настанот кога Александар пристигнал во Ерусалим пред повеќе од 23 века и на начинот на кој бил пречекан таму.

Можеби ќе ве интересира и ова
  • Што рекол свети Дионисиј Ареопагит за Пресвета Богородица при посетата во Ерусалим
    октомври 6, 2026
  • Свети Сава Осветен
    декември 5, 2025
  • Православната и Католичката Црква во Газа – остануваат со народот и по цена на животот.
    август 26, 2025

Сведоштвото на историчарот Флавиј Јосиф

Според историчарот Флавиј Јосиф, додека Александар го опседнувал градот Тир, испратил свои луѓе во Ерусалим барајќи воена помош.

Еврејските првосвештеници одговориле дека не можат да помогнат, бидејќи имаат заклетва со Персијанците која не сакаат да ја прекршат. Таа спогодба, склучена уште во времето на царот Кир, им овозможила повторно да го изградат храмот на Соломон.

Во меѓувреме, Самарјаните – непријатели на Евреите – ја искористиле ситуацијата и ги наклеветиле пред Александар, обидувајќи се да го поттикнат да го уништи храмот и да им дозволи ним да изградат свој храм на планината Гаризим.


Неочекуваниот пречек

Кога првосвештеникот дознал дека Александар има намера да го казни градот, се помолил на Бога и, по принесените жртви, добил уверување дека не треба да се плаши, туку свечено да го пречека македонскиот владетел и да го отвори храмот.

Кога Александар се приближил кон Ерусалим, го пречекале првосвештеникот и свештениците со голема свеченост. Тогаш се случило нешто што ги зачудило сите присутни:

Александар слегол од коњот и му се поклонил на првосвештеникот.

Во чудење, неговиот војсководец Парменион го прашал:

„Александар, ти на кого сите му се поклонуваат – се поклонуваш на еврејскиот првосвештеник?“

Александар одговорил:

„Не му се поклонувам нему, туку на Богот кого тој го служи. Него го видов во сон, кога бев во Дион во Македонија и размислував како да ја освојам Азија. Ми рече да не се плашам, туку храбро да тргнам напред, бидејќи Тој ќе ја води мојата војска и ќе ми ја предаде власта над Персијанците.“


Влегувањето во храмот

Првосвештеникот Јадо го вовел Александар во храмот – нешто што обично не им било дозволено на незнабошците. Според преданието, Александар принел жртва на „Богот на небото“.

Таму првосвештеникот му го покажал и му го прочитал пророштвото на пророкот Даниел, во кое се зборува за владетел на Хелените што ќе ја уништи персиската власт.

Ова пророштво, според преданието, му дало на Александар уште поголема увереност и храброст да ја продолжи својата воена кампања против Персија.


Името „Александар“ меѓу Евреите

Пред да замине од Ерусалим, Александар побарал да се постави негова статуа во храмот. Бидејќи тоа било спротивно на еврејските верски закони, првосвештеникот предложил поинаков знак на почит:

секое машко дете родено таа година во Ерусалим да го носи името Александар.


Историско значење

Овој настан се смета за симболична средба меѓу грчката цивилизација и библиската традиција, што подоцна ќе овозможи ширење на христијанството низ огромните територии на поранешната империја на Александар.

Со ширењето на грчкиот јазик и култура низ Истокот се создадоа услови Евангелието подоцна да се проповеда и запише на грчки – јазикот на Новиот Завет и на раната христијанска теологија.


Извор: orthodoxiasnewsagency.gr

Александар МакедонскиЕрусалим
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Патријархот на Москва му честита на новиот „лидер на Иран“
следна објава
Делегација од Вселенската патријаршија во посета на Патријархот на Бугарија

Можеби ќе ви се допадне и ова

Што рекол свети Дионисиј Ареопагит за Пресвета Богородица при посетата во Ерусалим

октомври 6, 2026

Откритија стари 2.000 години во Храмот на Воскресението во Ерусалим „укажуваат“ на...

август 28, 2026

Новинар преноќи во Пресветиот Гроб Господов – ова е неговото лично искуство

август 27, 2026

Русија го засилува црковниот притисок врз Ерусалимскиот Патријарх Теофил

мај 19, 2026

Ново сквернавење во Ерусалим: израелски екстремисти плукаа кон Богородично светилиште за време...

мај 19, 2026

Светата Земја ризикува да стане мртов христијански музеј

мај 6, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под отоманска власт и што тоа ни открива за Македонците?

    октомври 20, 2026
  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Русија уништила 420 храмови на Украинската православна црква (МП) и убила 25 свештеници од почетокот на војната

    ноември 22, 2026
  • Делегација на МПЦ-ОА сослужуваше во Москва и оствари средба со рускиот патријарх Кирил

    ноември 22, 2026
  • Сослужување во Москва по повод 80-тиот роденден на рускиот патријарх Кирил

    ноември 22, 2026
  • Грција: Вооружените сили на армијата ја чествуваат Пресвета Богородица како своја заштитничка

    ноември 21, 2026
  • Под Света Софија откриени 420 метри подземни тунели: Нови сведоштва за византиски Константинопол

    ноември 21, 2026
  • „Студентската листа“ во Србија најавува заштита на имотот на Православната црква на Србија во Косово

    ноември 21, 2026
  • Путин: „Секој ден се молам за Русија и за рускиот народ“

    ноември 19, 2026

Категории

  • Uncategorized (11)
  • АНАЛИЗИ (62)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (73)
  • Изјави и реакции (138)
  • Изјави и соопштенија (71)
  • Интервјуа (10)
  • Колумни (61)
  • Култура (31)
  • Литургија и црковен живот (87)
  • Меѓуправославни односи (114)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (158)
  • Новости (232)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (59)
  • Поучни текстови (66)
  • Света Гора (114)
  • Свето Предание и Свети Отци (111)
  • Современо општество (180)
  • Теологија и општество (123)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (32)
  • Црковна историја и Собори (20)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Православна црква на Бугарија Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Русија уништила 420 храмови на Украинската православна црква (МП) и убила 25 свештеници од почетокот на војната
Делегација на МПЦ-ОА сослужуваше во Москва и оствари средба со рускиот патријарх Кирил
Сослужување во Москва по повод 80-тиот роденден на рускиот патријарх Кирил
Грција: Вооружените сили на армијата ја чествуваат Пресвета Богородица како своја заштитничка
Под Света Софија откриени 420 метри подземни тунели: Нови сведоштва за византиски Константинопол

Популарно оваа недела

Од врвен хирург до монах на Света Гора: животната приказна на отец Лука Ватопедски
„Света Софија“ на Нубија ги открива своите тајни
Архиепископот Елпидофор го губи правото да го именува раководителот на архонтите на Вселенската патријаршија
„Студентската листа“ во Србија најавува заштита на имотот на Православната црква на Србија во Косово
Руски напад го оштети најстариот храм во Днипро

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА