Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Митрополитот Агатангел ги обвини критичарите на МПЦ-ОА дека...
Ватопед го носи Чесниот Крст во Србија: Српската...
Тага на погребот на деветтемина маченици од терористичкиот...
МЕГА: По свети Јосиф Исихаст – започнува снимање...
Напад за време на погреб во православна црква...
Митрополит Пимен: Да не навиваме за војна, туку...
Вечер: Се очекува интензивирање на контактите меѓу МПЦ-ОА...
Митрополитот Георгиј служеше молебен во базиликата Свети Петар...
Православието и историското ВМРО: верата, слободата и народната...
Романскиот патријарх му честиташе на Вселенскиот патријарх по...
понеделник, ноември 2, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна Uncategorized
Uncategorized

На денешен ден: „Одеднаш пред нас се најде камион“, сведочи неговата внука за смртта на архиепископот г.г. Ангелариј

од Црковен Журнал Логос јуни 15, 2026
јуни 15, 2026 0 коментари 137 прегледи 7 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
Chatgpt Image Jun 15 2026 05 18 51 Pm
137

Одеднаш пред нас се најде камион и го згмечи „мерцедесот“, а дедо ми ми умре в раце, опишува Татијана Попоска, внука на македонскиот архиепископ г.г. Ангелариј, поглавар на МПЦ, кој пред 39 години, на 15 јуни 1986 година, трагично загина во мистериозна сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Велес, кај кавадаречкото село Фариш.

Сопатничка во службениот „мерцедес“ на архиепископот му била неговата внука Татијана, тогаш студентка, која ја преживеа несреќата, во која освен г.г. Ангелариј, загина и службениот возач на „мерцедесот“.

Мистериозните околности во кои загина поглаварот на Македонската православна црква остана и до ден-денес.

Можеби ќе ве интересира и ова
  • На денешен ден: Вселенската Патријаршија ја прими МПЦ-ОА во канонско единство – историски миг на лекувањето на повеќедецениската шизма и враќањето на Охридската Архиепископија во полнотата на Православието
    мај 9, 2026
  • Богојавление во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје
    јануари 19, 2026
  • Нова научна монографија за религиското образование од монахињата Ефимија Зајковска
    септември 30, 2026

Г.г. Ангелариј е роден како Цветко Крстески, во прилепско Долнени, на 25 март 1911 година и беше втор поглавар на МПЦ, носејќи ја титулата Архиепископ охридски и македонски. Роден е од татко Костадин, кој бил свештеник, и мајка Ѕвезда. Неговиот брат, Пецо Крстески, бил учесник во НОБ и загинал во 1942 година. По основното образование во Долнени и во Прилеп, во 1926 година се запишал на средното богословско училиште „Св. Јован Богослов“ во Битола, кое го завршил во 1931 година.

Од ѓакон до поглавар на МПЦ

Во 1932 бил ракоположен во чин ѓакон во црквата „Св. Димитрија“ во Битола, а истата година во црквата „Св. Богородица“ бил назначен за свештеник и станал парох во дебарското село Гари, каде служел до 1937 година. Потоа парохиски свештеник бил во црквата „Св. Благовештение“ во Прилеп од 1937 до 1961 година и архиерејски намесник на Прилепското архиерејско намесништво.

Свештеникот Цветко Крстески учествувал во НОБ, а бил и член на Иницијативниот одбор за организирање на МПЦ во 1945 година и член на Здружението на православното свештенство на НРМ.

Тој учествувал во работата и на Првиот македонски црковно-народен собор во Скопје во 1945 година и на Свештеничката конференција во 1946 година. За своите заслуги бил одликуван со црвен појас, потоа со граден крст во 1959 година и со највисокото свештеничко одликување протоереј-ставрофор.

По војната студирал на Филозофскиот факултет во Скопје.

Во 1961 година бил назначен за парохиски свештеник при црквата „Св. Великомаченик Ѓорѓи“ во квартот Фицрој во Мелбурн, Австралија, каде што ја основал и првата македонска православна црковна општина, а за време на неговата служба била изградена првата македонска призната црква во дијаспората.

Во Мелбурн служел од 1961 до 1964 година. По враќањето во Македонија во 1964 година бил на служба во црквата „Св. Благовештение“ во Прилеп, а по смртта на неговата сопруга, во 1972 година, ја прифатил поканата на Синодот на МПЦ и се замонашил под името Ангелариј. Во 1975 година од САС на МПЦ бил хиротонисан за епископ Пелагониски, а на 5 јули 1977 година за Дебарско-кичевски митрополит, како и администратор-сотрудник на болниот митрополит Преспанско-битолски Климент.

Удбашка местенка поврзана со СПЦ

На Црковнонародниот собир, на 19 август 1981 година, Ангелариј бил избран за Архиепископ Охридски и Македонски. А по нецели пет години поминати како поглавар на МПЦ, г.г. Ангелариј загинал во сообраќајката, кога во службениот „мерцедес“, во кој се возел архиепископот, удрила цистерна со српски регистарски таблички.

Неразјаснетата сообраќајка до ден-денес ги остави отворени сомнежите дека неговата смрт била наместена од удбашки агенти, поврзани со архиерејското намесништво на Српската православна црква.

Во ноември 2014 година, неговата внука Татијана Попоска, која патувала со архиепископот кога се случила несреќата, изрази отворено сомневање дека неговата смрт била намерно предизвикана, поради неговото залагање за обединување на Македонија, искажано во еден негов говор, одржан на гробот на Гоце Делчев. Во прилог на нејзиниот сомнеж, таа го наведува и фактот дека возачите на двата камиона што учествувале во сообраќајката биле осудени на затворски казни од една и четири години, а отслужиле само мал дел од казните.

Архиепископот Ангелариј е погребан во црквата „Св. Димитрија“ во Скопје.

Трагично загинатиот архиепископ зад себе го остави синот Драгослав Крстески, а во независна Република Македонија беше постхумно одликуван со Деветтосептемвриската награда.

Сведоштво на внуката Татијана Попоска

И по 28 години, во 2014 година, од трагичната смрт, не престануваат нашите сомнежи за сообраќајната несреќа во која дедо ми испушти душа во мои раце, вели 48-годишната Татијана Попоска, внука од син на покојниот г.г. Ангелариј, која била во „мерцедесот“ во кој загина г.г. Ангелариј.

– Никогаш по тој кобен настан не седам на предно седиште, ниту можам да возам автомобил. Дедо ми ми умре в раце. Одеднаш пред нас се најде камион и го згмечи „мерцедесот“, во кој, освен дедо ми, загина и возачот – се сеќава Попоска во „Дневник“, која во времето на несреќата била студентка.

Попоска отворено се сомнева дека сообраќајната несреќа не била случајност. Според нејзините кажувања, нејзиниот дедо бил притискан од тогашните власти да го повлече говорот во кој зборувал за неприкосновеното право на Македонците за сопствена независна држава и црква, што во тоа време се косело со комунистичката политика. Таа раскажува за настанот:

– По литургијата во село Долнени, тргнавме од Прилеп за Скопје со блиндираниот „мерцедес“. Ќе полагав испит. Кај Дреновската Клисура одеднаш излезе камион пред нас и за миг го смачка „мерцедесот“. На самото место загина возачот, а по некоја минута и дедо ми ја пушти душата во моите раце. Имаше 75 години. Јас, сопругата и децата на возачот бевме повредени, но свесни. Во тие моменти од трагедијата не чувствував дека сум повредена, туку подоцна сум паднала во бессознание. Среќа што автомобилот беше блиндиран, инаку сите ќе изгиневме. Траумите и последиците од тој настан ги чувствувам и денес. Од страв не можам да возам автомобил, ниту да седам на предното седиште – вели Попоска.

Етикетиран по говор на гробот на Гоце Делчев

Таа и ден-денес е убедена дека несреќата била наместена. Сомнежот, како што вели таа, е и поради тоа што возачите на двата камиона не ја отслужиле ниту малата казна од една и од четири години затвор.

– Не можам да се помирам и не верувам дека дедо ми загина во случајна сообраќајка. Имам сомнеж дека судирот беше инсцениран, поради сите повици, закани за залагањето на Ангелариј за идејата за Македонија – вели Попоска.

Таа додава дека нејзиниот дедо имал широк национален и православен поглед. Бил респектиран и од папата Јован Павле Втори, а етикетата за заговорник на националната посебност ја добил по говор за обединувањето на Македонија на гробот на Гоце Делчев. Дедо ѝ Цветко Крстески, подоцна владика Ангелариј, бил последен свештеник во лозата од пет века.

– Народен човек, харизматичен, несебично даруваше христијанска љубов. Умееше кај луѓето да влее надеж и доверба. Не лажна, туку совесна и чесна. Секому му помагаше и за секој наоѓаше добар збор, кој му излегуваше од срцето. Мислеше дека како што ги сака тој луѓето и тие го сакаат. Но, не беше така. Беше здрав и витален со многу идеи за Македонија. Родителите му ставиле обетка од бебе за да преживее, оти неговите сестри и браќа умирале – вели Попоска.

Кај семејството Попоски и Крстески, кај децата и внуците на поп Цветко, како што прилепчани го знаеја, не бледнеат и непријатностите поради свештеничката повеќевековна традиција.

– Уште на училиште имав маки, оти дедо ми беше поп. Се плашевме од комунистите. И на факултет имав притисоци и малтретирања. Сега сум професорка во СОУ „Орде Чопела“ – вели внуката Татијана Попоска.

Потомците на г.г. Ангелариј скромно и со силна верба во Бог ги следат неговите стапки.

Официјална верзија за смртта

Иако никој никогаш не покрена каква било постапка за оспорување на официјалната истрага, ниту пак Црквата доволно гласно ја постави темата во јавноста, секоја година на 15 јуни оваа дилема се повторува во јавноста и на тој начин опстојува мистеријата што точно се случило тој ден.

Според официјалниот извештај, поглаварот на МПЦ, г.г. Ангелариј, загинал во сообраќајна несреќа на 15 јуни 1986 година во Дреновската Клисура, на патот Прилеп – Скопје, кога службениот „мерцедес“, во кој се возел архиепископот, под неразјаснети околности се судрил со цистерна со српски регистарски таблички. Во несреќата, освен г.г. Ангелариј, загинал и неговиот возач.

Нејасно е и дали покрај сударот со цистерната имало и друг удар во возилото на архиепископот, дали тој ја преживеал несреќата, па починал, или загинал од самиот удар.

Архиепископот Ангелариј, покрај другото, ќе остане запаметен и по својата луцидна изјава изречена на гробот на македонскиот апостол Гоце Делчев:

„Балканот не е тесен, тесни се срцата наши“, мислејќи тогаш на едноумието во времето на атеистичкиот, комунистички режим.

(Подготвил: Д.Г.)

Извор: denesen.mk

Архиепископ АнгеларијПравославна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Архиепископот на Финска: „Русија ја нападна Киево-печерската лавра. Кога ќе заврши оваа бесмислена војна?“
следна објава
Откриена ретка фреска на Христос во Никеја и нови непознати богослужбени локации

Можеби ќе ви се допадне и ова

Митрополитот Агатангел ги обвини критичарите на МПЦ-ОА дека се платеници: Дали секое...

октомври 29, 2026

Вечер: Се очекува интензивирање на контактите меѓу МПЦ-ОА и Фанар

октомври 23, 2026

Митрополитот Георгиј служеше молебен во базиликата Свети Петар во Рим во чест...

октомври 23, 2026

Извршен помен на Тоше Проески од страна на митрополит Јован по повод...

октомври 18, 2026

Јубилејот на Грузиската црква собра бројни помесни цркви, МПЦ – ОА повторно...

октомври 16, 2026

Ликот на архиепископот Стефан злоупотребен за промоција на „народен лек“ (ВИДЕО)

октомври 9, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под отоманска власт и што тоа ни открива за Македонците?

    октомври 20, 2026
  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Митрополитот Агатангел ги обвини критичарите на МПЦ-ОА дека се платеници: Дали секое поинакво мислење е напад врз Црквата?

    октомври 29, 2026
  • Ватопед го носи Чесниот Крст во Србија: Српската црква гради мостови кон Фанар

    октомври 26, 2026
  • Тага на погребот на деветтемина маченици од терористичкиот напад во Јордан – патријархот Теофил покрај повредените

    октомври 26, 2026
  • МЕГА: По свети Јосиф Исихаст – започнува снимање на серија за свети Нектариј

    октомври 25, 2026
  • Напад за време на погреб во православна црква во Јордан: Девет загинати и 40 повредени

    октомври 24, 2026
  • Митрополит Пимен: Да не навиваме за војна, туку да се молиме за мир

    октомври 23, 2026
  • Вечер: Се очекува интензивирање на контактите меѓу МПЦ-ОА и Фанар

    октомври 23, 2026

Категории

  • Uncategorized (10)
  • АНАЛИЗИ (59)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (70)
  • Изјави и реакции (138)
  • Изјави и соопштенија (68)
  • Интервјуа (9)
  • Колумни (61)
  • Култура (30)
  • Литургија и црковен живот (85)
  • Меѓуправославни односи (112)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (155)
  • Новости (226)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (58)
  • Поучни текстови (66)
  • Света Гора (112)
  • Свето Предание и Свети Отци (110)
  • Современо општество (176)
  • Теологија и општество (120)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (30)
  • Црковна историја и Собори (18)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Православна црква на Бугарија Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Митрополитот Агатангел ги обвини критичарите на МПЦ-ОА дека се платеници: Дали секое поинакво мислење е напад врз Црквата?
Ватопед го носи Чесниот Крст во Србија: Српската црква гради мостови кон Фанар
Тага на погребот на деветтемина маченици од терористичкиот напад во Јордан – патријархот Теофил покрај повредените
МЕГА: По свети Јосиф Исихаст – започнува снимање на серија за свети Нектариј
Напад за време на погреб во православна црква во Јордан: Девет загинати и 40 повредени

Популарно оваа недела

Митрополитот Агатангел ги обвини критичарите на МПЦ-ОА дека се платеници: Дали секое поинакво мислење е напад врз Црквата?
Митрополит Пимен: Да не навиваме за војна, туку да се молиме за мир
Тага на погребот на деветтемина маченици од терористичкиот напад во Јордан – патријархот Теофил покрај повредените
МЕГА: По свети Јосиф Исихаст – започнува снимање на серија за свети Нектариј
Архиепископ Јован на Албанија: Без духовен живот растат стравот, анксиозноста и несигурноста

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА