Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
ЗА ХРИСТИЈАНСКОТО „ЈУДЕЈСТВО“
Средба на Архиепископот со амбасадорот на Руската Федерација...
Украинскиот свештеник го напушти храмот во Свети Влас...
Христијанските заедници во јужен Либан продолжуваат да живеат...
Ердоган дал наредба да продолжи процесот за отворање...
Радев ги осудува „крстоносните походи“ со зборови, а...
Свети Даниил Катунакиски за русификацијата и руските рубљи
Судско рочиште за укинување: Црквата предводена од митрополитот...
Христос не благословува војни: Може ли Црквата да...
Патријархот Порфириј: Народ што ги помни своите жртви...
среда, јуни 24, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна АНАЛИЗИКолумни
КолумниПоучни текстови

ЗА ХРИСТИЈАНСКОТО „ЈУДЕЈСТВО“

од Црковен Журнал Логос јуни 24, 2026
јуни 24, 2026 0 коментари 9 прегледи 3 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
Jews Byzantine Greek Alexander Manuscript Cropped 800px
9

Во христијанството (барем во руското православие) постои една сосема необјаснива склоност за држење до „Стариот завет“.
Овде не мислам дури ни на модерниот тренд секоја војна да се прогласува за света, туку на оној поим за „нечистотија“ кој се префрли кај нас од „Мојсеевиот закон“ и на чуден начин се одрази врз црковните традиции.
„Она што Бог го очистил, ти не го нарекувај нечисто“ (Дела 11:9). Иако овие зборови беа кажани во однос на паганите, во нив е концентрирана суштината на христијанството во целина. И неговата разлика не само од паганските култови, туку и од старозаветното јудејство.
Спротивставувањето на сакралното (светото) и профаното (световното), на чистотата и нечистотијата, е основата на секој религиозен култ.
Познато е со колкав трепет Евреите се однесувале кон ритуалната чистота: човек можел да се оскверни со допир на леш, на болен од лепра и некои други болести, на жена за време на менструално крвавење и по породување. Дури и по враќањето од пазар, Евреите морале да извршат ритуално миење.
Во својата длабочина, поимот „нечистотија“ беше, во суштина, дел од еден вид кастински/хиерархиски религиозен систем, на чие дно стоеја сите „неевреи“ (односно, оние кои не го почитуваа законот за чистота), малку погоре – болните и жените, а на самиот врв – првосвештениците (единствените кои можеа да влезат во Светињата на светињите, односно непосредно да застанат пред Бога).
Доближувањето до Него бараше постојано очистување. Но, дури ни тоа не можеше кардинално да ја промени ситуацијата: жената под никакви услови не можеше да влезе во Светињата на светињите.
И ете, во овој строго структуриран религиозен свет доаѓа Христос.
Симболот на светоста и чистотата (зашто кој може да биде посвет и почист од Бога?) се раѓа во тело кое однапред се смета за „нечисто“. Болестите, физиолошките потреби и слично – стануваат дел од Неговиот земен живот.
Тој „јаде и пие со митниците и грешниците“, односно со луѓе кои очигледно се „нечисти“, влегува во домовите на паганите, ги допира сакатите и болните. И Него исто така Го допира жена која страда од крвавење, Неговите нозе ги мие и брише блудница.
Притоа, за да се доближиш до Него се покажува дека не се потребни никакви ритуали за очистување: никаква „нечистотија“ не може да Го оскверни.
Напротив, секој што доаѓа или Го допира со вера, се очистува и внатрешно и надворешно.
Покрај Него нема чисто и нечисто, Елин/паган и Евреин, маж и жена, „туку сè и во сè е Христос“. И „кој сака да биде прв, нека биде последен од сите и слуга на сите“ (Марко 9:35).
И еве, две илјади години по Неговото доаѓање, што гледаме во Христовата црква? Зар не истото тоа старозаветно јудејство?
Повторно доближувањето до Бога се поврзува со маса задолжителни услови, кои го носат во себе истиот тој старозаветен дух – ти мораш да се очистиш себеси, да станеш достоен за да се допреш до Него.
Повторно задолжителни пости, завеса меѓу Светињата на светињите и останатиот храмски простор, забрана за влез во олтарот за сите освен за свештенството, забрана за допирање на престолот и жртвеникот од страна на „профаните“-мирјани, забрани за жените за време на крвавење да влегуваат во храмот и да примаат причест, делење на „чисти“ православни и „нечисти“ католици и протестанти… – бесконечно мноштво од прегради, столпчиња, оградички и плотови.
Некогаш Дионисиј Ареопагит, негодувајќи против христијаните кои почнале да избегнуваат причест под изговор на сопствената недостојност и нечистотија, рекол дека не Го осветуваме ние Бога, туку Тој – нас. Тој дојде за нечистото да стане чисто и недостојното – достојно.
Верата е единствениот услов за нашето општење со Бога. Вера не во Бога, туку верба на Бога, како што точно забележа отец Петар Мешчеринов. Доверба. Подготвеност да се предадеме себеси во Неговите раце. Увереност во Неговата љубов и милосрдие кон нас.
И затоа меѓу христијаните не може да има повеќе или помалку чисти. Ние сите сме грешници и сите сме светии – преку светоста на Оној Кој нè осветува.

свештеник Јоан Бурдин

Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Средба на Архиепископот со амбасадорот на Руската Федерација во Македонија

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026
  • Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

    мај 1, 2026
  • Митрополит Шио: Патријарх Илија ја круниса борбата со автокефалност на Црквата со Томос од Вселенската Патријаршија

    март 27, 2026
  • 100-те зборови што ја открија бездната

    март 4, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • ЗА ХРИСТИЈАНСКОТО „ЈУДЕЈСТВО“

    јуни 24, 2026
  • Средба на Архиепископот со амбасадорот на Руската Федерација во Македонија

    јуни 20, 2026
  • Украинскиот свештеник го напушти храмот во Свети Влас по бунтот на бугарските парохијани

    јуни 20, 2026
  • Христијанските заедници во јужен Либан продолжуваат да живеат во сенка на војната (Фото галерија)

    јуни 20, 2026
  • Ердоган дал наредба да продолжи процесот за отворање на Богословијата на Халки

    јуни 20, 2026
  • Радев ги осудува „крстоносните походи“ со зборови, а ги толерира на дело

    јуни 20, 2026
  • Свети Даниил Катунакиски за русификацијата и руските рубљи

    јуни 20, 2026

Категории

  • Uncategorized (7)
  • АНАЛИЗИ (45)
  • БОГОСЛОВИЕ (1)
  • ВЕСТИ (2)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (46)
  • Изјави и реакции (118)
  • Изјави и соопштенија (41)
  • Интервјуа (7)
  • Колумни (47)
  • Култура (23)
  • Литургија и црковен живот (60)
  • Меѓуправославни односи (79)
  • Меѓурелигиски односи (26)
  • Настани (131)
  • Новости (176)
  • ОПШТЕСТВО (2)
  • Основи на верата (15)
  • Поглед на Исток (48)
  • Поучни текстови (51)
  • Света Гора (77)
  • Свето Предание и Свети Отци (75)
  • Современо општество (138)
  • Теологија и општество (91)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (27)
  • Црковна историја и Собори (15)
  • Црковни закони и канони (3)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Велик пост Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Митрополит Епифаниј Московска Патријашија Московски патријарх Кирил Папата Лав XIV Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Скопје Солун Србија Украина Христијани Христијанство Цариград Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

ЗА ХРИСТИЈАНСКОТО „ЈУДЕЈСТВО“
Средба на Архиепископот со амбасадорот на Руската Федерација во Македонија
Украинскиот свештеник го напушти храмот во Свети Влас по бунтот на бугарските парохијани
Христијанските заедници во јужен Либан продолжуваат да живеат во сенка на војната (Фото галерија)
Ердоган дал наредба да продолжи процесот за отворање на Богословијата на Халки

Популарно оваа недела

Бугарија застана позади патријархот Кирил, Европа не смее да молчи
Патријархот Теофил: Се надевам дека наскоро ќе се сретнат поглаварите на древните патријаршии
ЗА ХРИСТИЈАНСКОТО „ЈУДЕЈСТВО“
Христос не благословува војни: Може ли Црквата да молчи кога се убиваат невини?
Вселенската Патријаршија – духовен покровител на Света Гора

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА