Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Москва кај новиот грузиски патријарх: во фокусот верниците...
Митрополитот Доротеј Драмски до Л. Мендони: „Го губиме...
АВТОГОЛ ОД СОПСТВЕНИ РЕДОВИ: Изјавите на Митрополитот Григориј...
Промоција на книгата „Логострој“ на Дарио Божиновски
За книгата „Патријарх Вартоломеј – Од Имврос до...
Нова научна монографија за религиското образование од монахињата...
Протечен документ за заднината на Обединувачкиот собор во...
Како до посета на Света Гора: диамонитирио, сместување...
Света Гора како фактор на религиска дипломатија и...
Македонија на прво место во светот според бројот...
четврток, октомври 1, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна АНАЛИЗИ
АНАЛИЗИКолумниПоучни текстови

Молчењето како соучесништво: Политичкиот прагматизам на Православната Црква

од Журналист 1 јуни 27, 2026
јуни 27, 2026 0 коментари 72 прегледи 4 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
757z468 14014293
72

Во виорот на современите геополитички потреси, каде што границите се прекројуваат со оган, а човечките животи стануваат колатерална штета на империјалните амбиции, молчењето честопати одекнува посилно од најгласниот крик. Во едно вакво време на испитанија, Православната црква се соочува со воена агресија од епски размери. Иако со векови ја пази својата улога на чувар на Вистината и морален компас на милиони верници низ светот, нејзината сегашна пасивност престанува да биде само дипломатска тактика. Напротив, таа станува прашање што ја загрозува самата суштина на нејзиниот кредибилитет.

Така, неодамнешните превирања и дипломатски маневри во рамките на одделни Помесни православни цркви, како на пример дистанцирањето од потенцијалните санкции против Рускиот патријарх Кирил, создаваат длабок и многу логичен сомнеж: дали зад кулисите на црковните објекти се крие премолчена поддршка за воената инвазија во Украина и каква е улогата на политичките фигури, како онаа на претседателот Румен Радев во оркестрирањето на овие позиции?

​За да се разбере тежината на овој момент, мора да се погледне подалеку од политичките сојузи и да се навлезе во самата суштина на православното богословие. Христијанството, во својата изворна форма е вера на мирот, на љубов која се жртвува за ближниот, на апсолутно отфрлање на насилството како средство за доминација. И кога една сестринска црква, во овој случај Руската православна црква, отворено ќе ја благослови војната, кога нејзиното раководство ќе ги прогласи паднатите војници во агресорската војна за маченици, кои автоматски се чистат од гревовите, тоа не е само политичко застранување. Тоа е теолошка ерес! Длабок етнофилетизам и милитаристички месијанизам, кој ја инструментализира пораката од Евангелието за сметка на државниот империјализам, а „Светата Русија“ ја издигнува над самиот Бог Троица. Соочени со оваа деформација на верата, мнозинството Православни ширум светот избираат безбедна патека на неутралност, прекриена со млаки молитви за „мир во целиот свет“ – тишина која ризикува да ја осуди Црквата пред судот на историјата и пред очите на сопствените верници.

Можеби ќе ве интересира и ова
  • Украинскиот свештеник го напушти храмот во Свети Влас по бунтот на бугарските парохијани
    јуни 20, 2026
  • Патријархот Порфириј во Нови Сад ја истакна „длабоката поврзаност“ меѓу Србија и Русија
    април 24, 2026
  • Русија го засилува црковниот притисок врз Ерусалимскиот Патријарх Теофил
    мај 19, 2026

Како е можно институција која се смета себеси за Столб и тврдина на Вистината да не најде зборови за јасна и недвосмислена критика против оваа очигледна ерес? Дали со своето дистанцирање од каква било форма на осуда или санкции против протагонистите на оваа воена теологија, Помесните Цркви, всушност, даваат премолчена согласност за страдањата во Украина? Оти кога одбивате да го именувате агресорот, кога ја изедначувате жртвата со џелатот под превезот на “не е наша надлежност”, веќе сте зазеле страна. А тоа е страната на оној кој го држи мечот! Тоа воопшто не е неутралност, туку соучесништво во гревот.

Трагедијата на молчењето на Православните лежи и во фактот што тоа го урива концептот на соборност, кој е еден од темелите на православната еклисиологија. Соборноста подразбира заедничка одговорност на сите Цркви за чување на чистотата на верата и правдата. Кога еден дел од тоа тело е зафатен од гангрената на национал-милитаризмот, останатите делови не можат едноставно да се преправаат дека ништо не се случува за да не ги расипат „добрите односи“. Поразително е тоа што критиката кон руската воена теологија најпрвин дојде од Ватикан, од Обединетите нации, од западните престолнини, а не од сестринските Цркви. Требаше јасно да биде кажано дека она што го прави раководството во Москва не е Православие, туку негова перверзија. Затоа отсуството на недвосмислена колективна реакција покажува дека Православието е длабоко парализирано од национални егоизми и од стравот од губење на материјалната поддршка.

Затоа да не нѐ чуди кога помладите генерации, кои бараат автентичност и морална доследност, со право ќе се вртат со грб кон институција која молчи пред воените злосторства и страдањата на децата, а истовремено е премногу гласна кога треба да ги брани своите имоти или територии. Теолошките флоскули и дипломатски фрази веќе се очигледни, а оние кои без тронка совест ги кажуваат ја губат моралната власт да зборуваат за правда, за исцелението од гревот и за спасението во Христа. Нивните празни зборови немаат значење, зашто се лишени од живата сила на Светиот Дух, Кој секогаш сведочи за Вистината, без разлика на цената што за неа треба да се плати.

​На крајот, вистинскиот проблем е многу подлабок и поопасен. Православната Црква се наоѓа на крстопат каде што мора да избере помеѓу компромисот со царството од овој свет и Царството Небесно. Секое понатамошно одложување на јасната осуда на воената агресија и нејзиното оправдување само ќе го продлабочи сомнежот дека Црквата станала заложник на политички интереси. Историјата нема да биде блага кон оние кои имаа моќ и авторитет да зборуваат, а избраа да молчат во време кога Вистината беше распнувана. Православието мора да најде сили да ја надмине оваа опасна состојба и јасно да каже дека војната во име на Бога е најголемиот грев против Бога. Во спротивно, ризикува молчењето да остане запишано како најголемиот пораз на неговата мисија во современиот свет.

М. Е. С.

РусијаУкраина
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Како Руската Православна Црква стана дел од политичката стратегија на Кремљ
следна објава
Претставници на православните патријаршии и автокефални цркви пристигнаа во Верија за 32. Меѓународна научна конференција

Можеби ќе ви се допадне и ова

Москва кај новиот грузиски патријарх: во фокусот верниците во конфликтните региони

октомври 1, 2026

Протечен документ за заднината на Обединувачкиот собор во Украина

септември 30, 2026

Грузиската црква ја осуди употребата на името на свети Гаврил за руска...

септември 14, 2026

Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп ќе посредувам за мир...

септември 1, 2026

Радио Слободна Европа: Малтретирање на деца во патриотски камп финансиран од Кремљ

август 27, 2026

Руски свештеник: Тие што ги критикуваат властите се „подучени од сатаната“

август 27, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026
  • Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Москва кај новиот грузиски патријарх: во фокусот верниците во конфликтните региони

    октомври 1, 2026
  • Митрополитот Доротеј Драмски до Л. Мендони: „Го губиме нашиот преговарачки адут“

    септември 30, 2026
  • АВТОГОЛ ОД СОПСТВЕНИ РЕДОВИ: Изјавите на Митрополитот Григориј веќе се користат против македонскиот пат кон автокефалност

    септември 30, 2026
  • Промоција на книгата „Логострој“ на Дарио Божиновски

    септември 30, 2026
  • За книгата „Патријарх Вартоломеј – Од Имврос до Цариград“

    септември 30, 2026
  • Нова научна монографија за религиското образование од монахињата Ефимија Зајковска

    септември 30, 2026
  • Протечен документ за заднината на Обединувачкиот собор во Украина

    септември 30, 2026

Категории

  • Uncategorized (9)
  • АНАЛИЗИ (57)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (65)
  • Изјави и реакции (134)
  • Изјави и соопштенија (62)
  • Интервјуа (9)
  • Колумни (58)
  • Култура (27)
  • Литургија и црковен живот (81)
  • Меѓуправославни односи (103)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (150)
  • Новости (215)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (56)
  • Поучни текстови (64)
  • Света Гора (101)
  • Свето Предание и Свети Отци (99)
  • Современо општество (160)
  • Теологија и општество (117)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (30)
  • Црковна историја и Собори (17)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Православна црква на Бугарија Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Москва кај новиот грузиски патријарх: во фокусот верниците во конфликтните региони
Митрополитот Доротеј Драмски до Л. Мендони: „Го губиме нашиот преговарачки адут“
АВТОГОЛ ОД СОПСТВЕНИ РЕДОВИ: Изјавите на Митрополитот Григориј веќе се користат против македонскиот пат кон автокефалност
Промоција на книгата „Логострој“ на Дарио Божиновски
За книгата „Патријарх Вартоломеј – Од Имврос до Цариград“

Популарно оваа недела

АВТОГОЛ ОД СОПСТВЕНИ РЕДОВИ: Изјавите на Митрополитот Григориј веќе се користат против македонскиот пат кон автокефалност
ЕКСКЛУЗИВНО: Пронајдени светите мошти на Света Злата (позната и како Хриса) во Пела
Ставовите на митрополитот Григориј во судир со одлуките на Синодот и политиката на Архиепископот Стефан
Како до посета на Света Гора: диамонитирио, сместување и патување
Света Гора: Благословен почетокот на новата учебна година во Атонијадската црковна академија (ФОТО)

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА