Членовите на Комитетот на претставници на Православните цркви при Европската Унија (CROCEU) во четвртокот, 17 септември, одржаа состанок во Православниот центар „Амбиорикс“ во Брисел.
Со состанокот претседаваше митрополитот белгиски Атинагора од Вселенската патријаршија, а учествуваа претставници на Вселенската патријаршија, како и на Православните цркви на Грција, Романија и Бугарија.
Во текот на средбата биле разгледани претстојните настани и иницијативи, соработката со други Цркви, организации и европски институции, како и подготовката и координацијата на идните проекти.
CROCEU е основан во март 2010 година и претставува рамка за соработка меѓу официјално назначените претставници на помесните Православни цркви пред институциите на Европската Унија.
Главната цел на Комитетот е да овозможи меѓусебни консултации и координација, како и да ги претставува православните ставови за прашања поврзани со европската интеграција и со актуелните процеси во рамките на ЕУ.
На состанокот била истакната и континуираната соработка меѓу претставниците на Православните цркви учеснички, како и нивните напори за придонес во дијалогот со европските институции.
Следниот состанок на CROCEU е закажан за 10 ноември 2026 година во Брисел.
Извор: Orthodox Times