По повод одбележувањето 154 години од раѓањето на Гоце Делчев, денес беше отслужена панихида пред неговиот гроб во дворот на храмот Вознесение Христово, кај Скопското кале.
Панихидата ја отслужи Архиепископ Стефан, во сослужение со свештенослужители од Скопската епархија.
Со молитвеното богослужение, Македонската православна црква – Охридска архиепископија оддаде почит на ликот и делото на големиот македонски револуционер, потсетувајќи на неговата историска улога во борбата за слобода и достоинство на македонскиот народ.
Одбележувањето помина во достоинствена и молитвена атмосфера, со присуство на верници и граѓани кои му оддадоа почит на Гоце Делчев како една од клучните личности на македонската историја.
Извор: скопска епархија