Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Извршен помен на Тоше Проески од страна на...
Во Скопје се продаваа рачно изработени чанти од...
Бугарија: Вчера извици „Анаксиос“, денес полн храм и...
Анкета: Над 72% од Украинците поддржуваат целосна забрана...
Заврши снимањето на серијата за Свети Јосиф Исихаст...
Јубилејот на Грузиската црква собра бројни помесни цркви,...
Историски ден: Моштите на Света Злата (Хриса) Мегленска...
Монах, компјутер и Света Гора: Како настана апликацијата...
Што претставува празникот Покров на Пресвета Богородица?
Духовната поврзаност меѓу свети Јаков Цаликис и свети...
понеделник, октомври 19, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна АНАЛИЗИИзјави и реакции
Изјави и реакции

Архиепископот на Албанија: Не сакав богатство – само сакав да Му служам на Бога

од Црковен Журнал Логос јануари 13, 2026
јануари 13, 2026 0 коментари 93 прегледи 3 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
Albania Ioannis 15 1
93

Во искрено и содржајно интервју за познатиот албански новинар Фердинаро Самарџи, Архиепископот на Албанија, г.г. Јован, отворено говори за својата животна одлука да го избере патот на свештеничкото служење и да се врати во Албанија во време кога земјата и нејзината Црква се наоѓале во длабока неизвесност.

Архиепископот Јован истакнува дека, иако имал можност да остане во Соединетите Американски Држави, каде што ги завршувал своите теолошки студии, уште тогаш донел цврста одлука да се врати во татковината веднаш откако Православната Црква во Албанија биде обновена. Оваа одлука ја донел и покрај противењето на неговите родители, имајќи предвид дека почетокот на 1990-тите години во Албанија бил обележан со нестабилност и непредвидливост.

Како што самиот вели:
„Немав причина да останам во Америка кога мојата земја имаше потреба од мене. Она што Америка можеше да ми го понуди не беше тоа што го сакав. Не сакав богатство ниту удобност. Причината поради која сакав да станам јеромонах беше токму — да Му служам на Бога.“

Можеби ќе ве интересира и ова
  • Архиепископот на Албанија: Да се подготвиме духовно за Божиќ
    декември 17, 2025
  • Православна црква на Албанија: Архимандрит Игнатиј избран за епископ на Амантија
    април 28, 2026
  • Годишна панихида во спомен на Архиепископот Анастасиј одржана во Тирана
    јануари 27, 2026

Клучен момент во неговиот духовен пат претставувала првата длабока средба и разговор во САД со Архиепископот Анастасиј на Албанија, кој тогаш бил Митрополит на Андруса, а подоцна стана Архиепископ на Албанија. Таа средба се покажала пресудна за неговиот свештенички призив.

Потсетувајќи се на тој период, Архиепископот Јован нагласува:
„Кога бев студент на Теолошко училиште во Америка и учествував во програмата за организирање на библиотеката ‘Фан Ноли’, Анастасиј — тогаш Патријаршиски егзарх во Албанија — дојде на семинар и ме повика на средба. Кога му реков дека по завршувањето на студиите ќе се вратам во Албанија, тој беше многу радосен. Во 1992 година поминав еден месец во Албанија и присуствував на неговото востоличување, а во 1993 година се вратив трајно, најпрво како наставник во Боголсовското училиште во Драч.“

Неговото црковно напредување било брзо. Во 1994 година бил ракоположен за ѓакон и свештеник од Архиепископот Анастасиј. Потоа ги продолжил студиите во САД, во 1996 година бил назначен за заменик-декан на Теолошката академија во Драч, истата година го добил чинот архимандрит, во 1998 година бил избран за Митрополит на Корча, а во 2025 година стана наследник на блаженоупокоениот Архиепископ Анастасиј.

Овој пат, како што сведочи самиот, бил исполнет со голема пастирска одговорност, служење и длабока свест за тешкотиите, но и со силна решеност да му се пренесе на современиот свет надежта за животот што се наоѓа во Бога.

Говорејќи за суровите години на наметнат атеизам, Архиепископот Јован истакнува дека силно го чувствувал Божјото присуство и никогаш не бил заведуван кон негирање или неверие. Во интервјуто вели:
„Често велам дека она што Бог го отвора, луѓето не можат да го затворат. Ако во душата на човекот е запалена свеќата, ако љубовта кон Бога е осветлена, патот ќе го вклучува Крстот, но и радоста на Воскресението. Патот не завршува на Крстот, туку на Воскресението. Во тоа време луѓето ја разбираа тежината на состојбата, но радоста што ја дава животот ја надминуваше. Дури и кога изгледаше неверојатно дека може да се служи Божествена Литургија, Бог нè заштити, бидејќи периодот беше исклучително опасен.“

Зборувајќи за делото на блаженоупокоениот Архиепископ Анастасиј, тој нагласува дека „неговата визија за силна Црква во Албанија со иднина од сон се претвори во реалност преку упорна работа и голема пожртвуваност. Таа визија беше надежна, затоа што секогаш велеше дека без градење стабилна Црква нема иднина. На почетокот не беше лесно. Не стануваше збор само за градење објекти; најважната задача беше градењето на човечките срца. Состојбата беше очајна, храмовите беа разрушени, образовните можности ограничени, и затоа сметам дека делото на Анастасиј беше израз на голема љубов кон Бога и кон Црквата.“

Преку ова интервју, Архиепископот Јован испраќа и поширока порака: иако во нашево време злото може да изгледа доминантно, тоа нема да надвладее. Бог останува нераскинлива мрежа на сигурност, која го одржува човештвото со надеж и вера.

Извор: orthodoxtimes.com

Архиепископ Јован на АлбанијаПравославна Црква на Албанија
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Преданието за Василопитата – историски настан по кој настанала традицијата со лепчето со паричката (ЕДУКАТИВНО ВИДЕО)
следна објава
(ЕКСКЛУЗИВНО) Нов видео запис за новогодишно-василичарска каланда во изведба на хорот „Митрополит Козма Пречистански“ – Кичево

Можеби ќе ви се допадне и ова

Дијалогот како пат до заеднички решенија: средба на архиепископот Јован со грчкиот...

октомври 12, 2026

Архиепископот на Албанија: Добрите лекари и добрите свештеници го гледаат човекот како...

септември 23, 2026

Албанскиот архиепископ Јован до Вселенскиот патријарх: Сакаме за вас да бидеме како...

август 19, 2026

Православен Балкан го прослави Успението на Пресвета Богородица: Празнични богослужби и пораки...

август 17, 2026

Архиепископот Јован: Кога Албанската црква изгледаше мртва, Мајката Црква – Вселенската патријаршија...

август 14, 2026

Вселенскиот патријарх пристигна на Имврос во придружба на Александрискиот патријарх и Архиепископот...

август 12, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026
  • Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Извршен помен на Тоше Проески од страна на митрополит Јован по повод 19 години од неговата смрт

    октомври 18, 2026
  • Во Скопје се продаваа рачно изработени чанти од затвореничките во Идризово

    октомври 18, 2026
  • Бугарија: Вчера извици „Анаксиос“, денес полн храм и молитвено единство – два различни призора од Софија

    октомври 18, 2026
  • Анкета: Над 72% од Украинците поддржуваат целосна забрана на Руската црква

    октомври 17, 2026
  • Заврши снимањето на серијата за Свети Јосиф Исихаст – премиерата оваа зима

    октомври 16, 2026
  • Јубилејот на Грузиската црква собра бројни помесни цркви, МПЦ – ОА повторно отсутна

    октомври 16, 2026
  • Историски ден: Моштите на Света Злата (Хриса) Мегленска свечено пречекани во селото Хриси (ФОТО)

    октомври 14, 2026

Категории

  • Uncategorized (10)
  • АНАЛИЗИ (57)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (67)
  • Изјави и реакции (134)
  • Изјави и соопштенија (66)
  • Интервјуа (9)
  • Колумни (58)
  • Култура (28)
  • Литургија и црковен живот (84)
  • Меѓуправославни односи (107)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (155)
  • Новости (221)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (56)
  • Поучни текстови (64)
  • Света Гора (107)
  • Свето Предание и Свети Отци (106)
  • Современо општество (172)
  • Теологија и општество (120)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (30)
  • Црковна историја и Собори (17)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Православна црква на Бугарија Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Извршен помен на Тоше Проески од страна на митрополит Јован по повод 19 години од неговата смрт
Во Скопје се продаваа рачно изработени чанти од затвореничките во Идризово
Бугарија: Вчера извици „Анаксиос“, денес полн храм и молитвено единство – два различни призора од Софија
Анкета: Над 72% од Украинците поддржуваат целосна забрана на Руската црква
Заврши снимањето на серијата за Свети Јосиф Исихаст – премиерата оваа зима

Популарно оваа недела

Монах, компјутер и Света Гора: Како настана апликацијата „Зона Атос“ (Athos Zone)
Историски ден: Моштите на Света Злата (Хриса) Мегленска свечено пречекани во селото Хриси (ФОТО)
Заврши снимањето на серијата за Свети Јосиф Исихаст – премиерата оваа зима
Србија одвои 72 милиони динари за обнова на манастирот „Свети Прохор Пчињски“
Што претставува празникот Покров на Пресвета Богородица?

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА