Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Архиепископот Јероним: „Да се запрашаме дали навистина им...
Вселенскиот патријарх Вартоломеј пристигна во Унгарија – го...
Митрополитот Солунски Филотеј: „Односот со Бога ме промени...
Предавството во и на црквата
Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп...
Грција вложува 2 милиони евра за обнова на...
Вселенската патријаршија канонизираше шест светогорски отци
По што се разликува покајанието од самојадењето?
Прекин на струја сопре концерт и тепачка во...
Вселенскиот патријарх Вартоломеј: Еколошката криза е криза на...
недела, септември 6, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна БОГОСЛОВИЕОснови на верата
Основи на вератаПоучни текстови

Божикното дрво не е странски обичај

од Црковен Журнал Логос декември 17, 2025
декември 17, 2025 0 коментари 67 прегледи 3 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
99d0adae D2a4 474a 8ff7 A25a2934ad8d
67


Во текот на божикниот период, по медиумите и социјалните мрежи се појавуваат бројни написи за божикните обичаи и за нивното значење, притоа честопати со сосема погрешни содржини и толкувања. Еден од тие обичаи за кое се пишува и говори е и украсувањето на божиќното дрво. Впрочем, многумина сметаат овој обичај не е наш, туку увезен од Запад и дека нема поврзаност со Рождеството Христово, но ние ќе се обидеме да објасниме дека во суштина не е така.

Околу 750 година, Свети Бонифациј од Фулда, просветител на Германија и Западна Европа, сакајќи да го преобрази паганското почитување на дабовите дрва од страна на незнабошците во Германија, го облагородил и христијанизирал овој обичај, заменувајќи го дабот со елка, во чест на Рождеството Христово.

Сепак, обичајот на божиќното дрво нема германски происход, туку источен. Имено, византискиот император Анастасиј, во 512 година, во северна Сирија изградил храм во кој, пред царските двери, биле поставени две големи дрвја од месинг, на кои имало посебни светилки. Во храмот Света Софија во Константинопол, врз иконостасот имало сребрени конусни дрвја, слични на кипариси, на кои наместо плодови имало светилки. Исто така, во многу останати цркви се користеле и до ден денес се користат поликандила и полиелеи во форма на дрвја.

Можеби ќе ве интересира и ова
  • Папа Лав XIV ја прескокна Света Софија: прекршена традиција стара повеќе од половина век
    декември 2, 2025
  • Архиепископот на Албанија: Да се подготвиме духовно за Божиќ
    декември 17, 2025
  • Како Божик беше заменет со Нова година
    декември 19, 2025

Божиќното дрво, како подоцнежно развиен обичај од античките „иресиони“ (обичаи при кои гранки од маслина или ловор се украсувале со црвени и бели волнени конци, на кои биле обесувани бисквити со мед, масло и вино), не само што не било забранувано во византиско време, туку, напротив, за празникот на Рождеството Христово, по заповед на епархот на секој град, се чистеле градските улици и на одредено растојание се поставувале столбови со рузмарин, мирта и сезонски цвеќиња.

Дрвото што го украсуваме не може, а да не се поврзе со пророштвото на пророкот Исаија: „Ќе потера жезол од Јесеевиот корен и цвет од коренот ќе израсне“ (Иса. 11,7). Ова пророштво го имал предвид свештениот поет Козма, кога напишал: „Како жезол од коренот на Јесеја и цвет од него, Христе, си процветал од Дева“ (ирмос на Рождество Христово). Друг тропар, на претпразненството на Рождество, вели: „Подготви се, Витлееме, отвори се за сите, Едеме, украси се Ефрате, зашто дрвото на животот во пештерата процвета од Дева; нејзината утроба се покажа мисловен рај, во кого е Божественото дрво, од кое јадејќи ќе живееме, а нема како Адам да умреме. Христос се раѓа, за да го обнови порано паднатиот образ“.

Светлото украсување на дрвја го симболизира Христа како Дрво на животот, кое доаѓа во светот за на верните да им се даде како храна. Коренот на дрвото ги симболизира Неговите предци, кои ја запазиле верата и надежта за Неговото доаѓање, додека ѕвездата на врвот е Самиот Он, Кој дојде да донесе светлина во светот помрачен од грев.

Помеѓу другото, во византиско време, една избрана царска коњичка чета од императорската гарда учествувала во официјалните императорски церемонии за Божиќ. Таа избрана чета се викала „Дружина“ и се делела на мала, средна и голема дружина. Малата дружина била составена од друговерци, средната дружина од Европјани, неправославни и другородци, додека големата дружина била составена исклучиво од православни Ромеи.

Бидејќи во текот на отоманското ропство многу обичаи на Христијаните им биле забранети, лесно може да се заклучи дека и украсувањето на божиќното дрво било еден од тие (скоро) изгубени обичаи. Секако, многу од овие обичаи биле пренесени на Запад, а пренесувањето на овој конкретен обичај многу веројатно дека било извршено од оние припадници на „средната дружина“, кои ги спомнавме погоре.

Уште едно сведоштво за насоката на развитокот на овој обичај е неговото постоење во руралните краеви на исток, на пример селото Литохоро во Пиерија, Ептаниса, како и Кападокија – места со ограничено странското влијание – каде се запазени обичаи во црквите и домовите дрвја да се украсуваат со овошки, плодови и украси. Во јужна Македонија (Битола, Прилеп, Ресен итн.), исто така, до пред скоро време се беше запазил обичајот домовите и вратите да се украсуваат со смрека и други зимзелени дрвја, како симбол за вечно живиот и вечно младиот Бог, Кој се роди од Дева во Витлеем за живот и спасение на светот.

Извор: bigorski.org

БадникБожикБожикно дрвоОбичајПреданиеТрадиција
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Архиепископот на Албанија: Да се подготвиме духовно за Божиќ
следна објава
Божикната Христова погача од Света Гора: Светиот рецепт на старец Гавриил, главен готвач на Света Гора

Можеби ќе ви се допадне и ова

Света Гора и Грузија ќе ја оживеат древната винарска традиција заштитена од...

мај 7, 2026

Божикно послание на Архиепископот Стефан

јануари 5, 2026

Новата година и атеистите

декември 31, 2025

Нова година и Божик: Живот меѓу два календари

декември 31, 2025

Божикните ѕвона одекнаа низ православните храмови во Албанија

декември 26, 2025

„Божикна авантура“ – голема сценска изведба со над 40 актери, музичари, пејачи...

декември 26, 2025

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026
  • Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Архиепископот Јероним: „Да се запрашаме дали навистина им се приближуваме на младите“

    септември 5, 2026
  • Вселенскиот патријарх Вартоломеј пристигна во Унгарија – го посети православниот центар „Фанарион“

    септември 5, 2026
  • Митрополитот Солунски Филотеј: „Односот со Бога ме промени како човек“

    септември 4, 2026
  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп ќе посредувам за мир во Украина

    септември 1, 2026
  • Грција вложува 2 милиони евра за обнова на православните храмови и манастири во Преспа

    септември 1, 2026
  • Вселенската патријаршија канонизираше шест светогорски отци

    август 31, 2026

Категории

  • Uncategorized (8)
  • АНАЛИЗИ (56)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (60)
  • Изјави и реакции (126)
  • Изјави и соопштенија (62)
  • Интервјуа (9)
  • Колумни (55)
  • Култура (27)
  • Литургија и црковен живот (81)
  • Меѓуправославни односи (97)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (149)
  • Новости (202)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (56)
  • Поучни текстови (63)
  • Света Гора (95)
  • Свето Предание и Свети Отци (96)
  • Современо општество (157)
  • Теологија и општество (108)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (29)
  • Црковна историја и Собори (17)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Деца Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Архиепископот Јероним: „Да се запрашаме дали навистина им се приближуваме на младите“
Вселенскиот патријарх Вартоломеј пристигна во Унгарија – го посети православниот центар „Фанарион“
Митрополитот Солунски Филотеј: „Односот со Бога ме промени како човек“
Предавството во и на црквата
Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп ќе посредувам за мир во Украина

Популарно оваа недела

Предавството во и на црквата
Грција вложува 2 милиони евра за обнова на православните храмови и манастири во Преспа
Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп ќе посредувам за мир во Украина
Вселенската патријаршија канонизираше шест светогорски отци
„Имаше многу прашања“: Игуменот откри што навистина ја интересирало Мадона

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА